Украдени 250 милиони евра „амбасадоре“?!

Напомена: Читајте до Крај

Крај на колумната

Е, мој холандски амбасадоре. Читаш ли каков договор сум потпишувал и тоа на 29 години. Јавриче сум бил. Сум мислел на оваа држава. Така ме обучиле моите учители. Но, и дел од Кралството Холандија. Морам голема благодарност да дадам на една права дама од Скопје и еден господин инаку Холандез од преубавата организација за медиуми Press now, која го финансираше овој автор 2 години. За разлика од тебе Холандски Амбасадоре беа воспитани луѓе.

Многу ти „лафе муцето“ холандски амбасадоре за корупција. А, зошто не се заинтересираш за корупцијава која води директни корени до соодветните агенции кои сакаат да бидат слепи при очи и глуви при уши, а кои мораат да се занимаваат, но молчат мудро со следнава констатација: 130.000 домаќинства во Македонија се нелегално приклучени да глеадаат ТВ и слушаат Радио Станици и тоа во последните 12 години, со што соодветни лица имаат создадено кражба од 250 милиони евра.

За жал твоја Холандски Амбасадоре и за твоите подлизурковци и „фелацио“ медиумски експерти, Виктор Грозданов ги има сите релевантни документи. Но, ти не се занимаваш со решавање на ваков тип на криминал. Тебе ти е битно да се појавуеш као демек медијатор. Па, треба ли да се оди на одмор ова-она итн.

МНОГУ МИ Е КЕЈФ ШТО МИСЛИШ ДЕКА СМЕ ГЛУПИ И „ДИВО ПЛЕМЕ“. Има да те возам уште дугачко.

ЗАКЛУЧОК НА КОЛУМНАТА

Со голема жал и со скромна љубезност и се извинувам, но во исто време и се обраќам  на Кралството Холандија дека нивниот амбасадор е толку невоспитан и нахален, и ги надмина своите ингеренции. Не сите сме клашчовци како политичарите и затоа со цело извинување на Кралството Холандија, Вашиот претставник овде ќе го наречам:

„Ѓубре едно Ѓубросано“

Се молат сите загрижени да молчат. Холандскиот амбасадор за жал е дел од групација која финансира проекти, кои се деструктивни за нашето општество.

Почеток на колумната

Дали сме „Диво племе“ или многу поедуцирани, повоспитани и со неверојатно образование од оние на кои им велиме „Добре Дојдовте во Македонија“? Во контекст на однесувањето на холандскиот амбасадор, кое е надвор од здравиот памет и домашно дипломатско воспитување, кое се темели само на неговите замислени потреби и стратешки цели, една приказна за неговите повоспитани колеги кои ги измислиле термините Дами и Господа, од Велика Британија.

Лондонски „Тајмс“ пред извесно време ја објави следнава посмртница:

  1. Денес жалиме за нашиот сакан пријател Здравиот Разум, кој беше со нас многу години. Никој незнае точно колку години беше стар бидејки неговиот извод одамна е изгубен во бирократската и црковната администрација.
  2. Овој наш пријател секогаш ни велеше – Мора да знаете кога да се скриете од дожд, или пак Кој рано рани две среќи граби.
  3. Здрав Разум живееше по едноставни економски правила – Не троши повеќе од тоа што го заработуваш, или пак Возрасните, а не деца ги водат економските работи
  4. За жал Здрав Разум почна да го губи тлото под нозе тогаш кога родителите ги нападнаа наставниците кои го работат тоа што овие родители го испуштиле во воспитување и дисциплинирање на своите деца.
  5. Здравиот Разум ќе го испратат неговите родители Вистина и Доверба, сопругата Дискреција, неговата ќерка Одговорност и неговиот син Логика. Позади него сепак има 4 полубраќа: Ги знам своите права, Некој друг е крив, Сакам Веднаш и Јас сум жртва.

Минатите колумни ги споменав Васко Попетрвски, раководството на МРТВ, АВМУ и ЗНМ, за кои велам дека мора да одговараат за своите антидржавни постапки во делот на интервјуто на Васко 360 степени со Билал Касами (злобно и најверојатно алчно за територија на Македонија човече) каде овој збори на албански јазик на МТВ прва програма.

Патем само да обзнанам дека раководството на МРТВ мора да го каже рејтингот на гледаност и доверба на емисиите на ИРЛ и Васко Поетрески дали надминува 2% и по кое истражување. Неможе само холандскиот амбасадор да Ви е во мислите и да мислите само како да пополните програма со девиза: Знаеш брат странците! Ма, немој?

Во 2005 година се одржа државен состанок за тоа како мора да изгледа МРТВ во наредните 100 години и никој да не го наруши тој принцип, а во спротивно да се смета дека мора да одговара кривично за уништување на Уставниот Поредок. Од живите сме само јас, Виктор Грозданов, (со целосно одобрение од сите 132 приватни телевизии и радија, а по налог и мудрост на Зоран Петров-Зоки Антена 5) и Дејан Кошутиќ претставник на Владата, заменик министер во Транспорт и Врски.

Клучните заклучоци се следниве. Да запамтат овие деструктори кои бараат да бидат финансирани од Холандскиот Амбасадор:

  1. МРТВ чини на годишно ниво 50 милиони евра
  2. МРД мора да ги пренесува сите ТВ и Радио сигнали терестријално, сателитски, кабелски и преку интернет
  3. МРТВ добива посебни канали на македонски, албански и канал на сите други јазици, плус да отвори наменски во иднинан канали спортски, музички, документарни итн…
  4. МРТВ ги губи рекламите во временскот период од 17 до 21 часот (со исклучоци) и во иднина ексклузивното право на настани од типот на Лига на Шампиони (го купи Канал 5 во 2009) итн…
  5. МРТВ се откажува од локалните ТВ и Радио станици поради нивната нелојална конкуренција на пазарот на реклами
  6. Приватните медиуми се откажуваат во корист на МРТВ од средства наменети за програма, а МРТВ се обврзува дека минимум 10%, а не повеќе од 15% од програмата да биде од приватни продукции
  7. МРТВ се откажува од сите политички и државни кампањи од финансиски аспект во корист на приватните медиуми… итн

Ако сакате да прочитате до крај вратете се на почетокот уште еднаш.

Да живее Македонија!

Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес