Украдени 50 илјади денари од црква во Кратовско

39

Пет мали икони и 50.000 денари се украдени од црквата „Св. Харалампије“ во кратовското село Скакулица.

Како што информираат од полицијата, кражбата се случила во период од неделата попладне до понеделникот наутро. Непознатиот крадец со сила и погоден алат делувал на металните цевки на прозорецот од црквата, го скршил истиот и влегол внатре.

Откако ги одзел парите и малите икони крадецот избегал, а полицијата превзема мерки за негово пронаоѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.