Украдени илјада години стари реликвии на светец во Германија

Непознати ограбувачи украле илјада години стари останки на светец од средновековната црква во Регенсбург, на југот од Германија, потврди полицијата.

Посмртните останки на свети Волфганг, средновековен католички бискуп, насилно се однесени од истоимената црква во Регенсбург.

„Крадците ги украле реликвиите од непробојното стакло и челичната конструкција употребувајќи голема сила. Нематеријалната штета е немерлива“, соопшти црквата на својата веб-страница.

Кражбата се случила на само неколку дена во пресрет на Денот на свети Волфгант, кој се одбележува на 31-ви октомври.

Свети Волфганг, кој починал во 994 година, бил првиот бискуп на Регенсбург. Канонизиран е во 1052 година.

Како што е вообичаено со средновековните реликвии, делови од неговото тело се погребани на различни места. Постојат два гроба на Волфганг во Регенсбур. Повеќето се чуваат во базиликата Емерамс, а помал во црквата на свети Волфганг.

Другите реликвии на свети Волфгант може да е најдат во Австриј и во Португалија.