Украдени компјутери од училиште во гостиварско

Во периодот помеѓу 11.04. и 16.04.2014 година, непознати сторители извршиле тешка кражба во Основното училиште „Мемед Дерала“ во село Градец, гостиварското. Сторителите насилно отвориле два метални плакари при што одзеле 17 лап топ компјутери.

По преземени мерки во ПС Госитвар се повикани две малолетни лица на возраст од 13 и 14 години од Градец, кај кои биле пронајдени и одземени 13 од украдените лап топ компјутери. По целосно докуемнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.