Украдени медалите од домот на руската тенисерка Веснина

Руската тенисерка, сега 35-годишната Елена Веснина, била жртва на дрски крадци кои од нејзиниот дом украле две олимписки медали и одредено количество накит.

„Со сопругот бевме на вечера, а кога се вративме дома утврдивме дека двете олимписки медиуми се украдени, како и малку накит“, изјавила за медиумите Веснина.

Појаснува дека од трезорот ги извадила медалите кои биле во нејзината спортска торба, откако претходниот ден ги земала со намера да им ги покаже на децата во тенискиот клуб во кој работи. Торбата била на видливо место, и според неа очигледно крадците зграпчиле она што го виделе. Но нејасно е како злосторниците успеале да влезат без да го активираат алармот.

Веснина златниот медал го освои во женски двојки на Олимпијадата во Реио де Жанеиро во 2016-та, а среброто на неодамнешните игри во Токио во мешани двојки.

Најголемите успеси во кариерата ги оствари во настапите во двојки. Во женски двојки ги освои Ролан Гарос во 2013-та, Вимблдот во 2017-та и УС Опен во 2014-та, а во мешани Отвореното првенство на Австралија во 2016 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.