Украдени милион евра од куќа на скопјанец

Предесет и осумгодишен скопјанец во саботата вечерта пријавил дека во неговиот дом е извршен тежок грабеж во кој останал без средства во износ од речиси милион евра кои ги чувал во семејната куќа.

Скопјаенцот кој полицијата го идентификува со иницијалите Ш.И. вчера во 22 часот пријавил дека во период од 19,30 до 21,45 часот во куќа во Скопје во негова сопственост од непознато лице му била извршена тешка кражба.

Како што информира МВР, сторителот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и 1.000.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.