Украдени моторите на двајца скопјани

Двајца скопјани останале без своите мотори кои викендов им биле украдени од нивните домови, информираше МВР.

Првата кражба се случила на улицата Лихнида во населбата Хром. Според М.Т. (47), во периодот од 19 часот во саботата до 11 часот вчера непознат сторител го одзел неговиот мотоцикл „Јамаха“. Крадецот влегол во гаражите, го одзел мотоциклот и побегнал во непознат правец.

На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 160.000 денари.

Скопјанецот А.А.(33), пак, пријавил дека ноќта меќу саботата и неделата на улицата Аминта Трети го украл неговиот мотоцикл „YIYING” со скопски регистарски ознаки. Сторителот со употреба на погоден предмет ја скинал сајлата со која бил обезбеден моторциклот, го одзел и заминал во непознат правец.
Полицијат презема мерки за расчистување на кражбите и за пронаоѓање на мотоциклите.