Украдени пари од лабораторија во Куманово

Вработена од приватна лабораторија од Куманово пријавила во полицијата дека од објектот биле одземени пари, соопшти денеска полицијата.

– Синоќа, во 23:55 часот во СВР Куманово, вработена во лабораторија на улица „Пиринска“ пријавила дека во лабораторијата било влезено со употреба на сила и биле одземени пари, соопшти полицијата.

СВР Куманово информира дека презема мерки за расчистување на случајот.