Украдени три лап-топ компјутери и монитор од кабинет на Правен

100

Три лап-топ компјутери и еден монитор се украдени од кабинет на Правниот факултет во Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Крадецот успеал да го скрши прозорецот од кабинетот, влегол внатре и ги украл компјутерите и ЛЦД мониторот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.