Досега 74 пратеници од украинската Партија на регионите ја напуштиле политичката сила, пренесоа „УНИАН“, повикувајќи се на претседателот на парламентарната група на партијата Александар Ефремов.
Ефремов истакнал дека според официјалните податоци досега 74 пратеници се пријавиле дека ја напуштаат парламентарната група на партијата. Ефремов додал дека некои од пратениците се изјаснија дека ја напуштаат групата поради извршениот притисок врз нивните семејства.
Тој како пример го посочил инцидентот што се случил синоќа, кога непознати лица влегле во станот на ќерката на еден од пратениците.
Како владејачка сила Партијата на регионите располагаше со 205 мандати во Парламентот.