Украина ја отфрла неутралност во „австриски стил“

Советникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави во средата дека наводно рускиот предлог Украина да прифати демилитаризиранос и воена неутралност во „австриски стил“ е неприфатлив за земјата, пишува BBC.

Меѓутоа, ваквата идеја ја предложила украинската делегација на преговорите, претходно соопшти за медиумите шефот на руската преговарачка делегација Владимир Медински, помошник на рускиот претседател Владимир Путин.

Во Москва се подготвени да ја разгледаат идејата за трансформација на Украина во демилитаризирана држава со сопствена армија по примерот на Шведска или Австрија, изјави претходно во средата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа е опција за којашто навистина се разговара сега и којашто може да се смета за вистински компромис“, изјави Песков одговарајќи на новинарско прашање на брифингот во Кремљ.

Михаило Подолјак, член на украинскиот преговарачки тим, пак, подоцна изјави за украинските медиуми дека секој мировен договор мора да биде под украински услови кои го штитат нејзиниот суверенитет.

„Го разбираме обидот на нашите партнери да останат проактивни во преговарачкиот процес“, рече Подолјк.

„Оттука и зборовите за ‘шведскиот’ или ‘австрискиот модел’ на неутралност. Но, Украина сега е во состојба на директна војна со Русија. Затоа, моделот може да биде само ‘украински’ и само со законски проверени безбедносни гаранции. И нема други модели или опции“.

 

Портпаролот на рускиот претседател не го коментираше новинарското прашае дали дејствијата коишто Русија сега ги спроведува во соседна Украина може да се наречат „Голема татковинска воена специјална операцаја за заштита на републиките во завојуваниот Донбас и за спас на Русија“.

„Не ми е познато дека за ова прашање се разговара во Кремљ“, одговори Песков сугерирајќи дека таквото прашање треба да им биде поставено на политиколози и историчари.