Украина ја разгледува верзијата и за соборување на нејзиниот авион крај Техеран

Советот за национална безбедност и одбрана на Украна, меѓу другите, ја проучува верзијата за причините за падот на украинскиот патнички авион во средата утрото крај Техеран во која леталото било гогодено при полетувањето со противвоздушна ракета „Тор“ од руско производство, објави во четвртокот секретарот Алексеј Данилов во коментарот за изданието Цензор.нет

„Изминатата ноќ, согласно решението на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, дражавната комисија за истражување на катастрофата на авионот на компанијата Меѓународни авиолинии на Украина (МАУ) допатува воТехеран. Во составот на групата се 45 лица, меѓу кои претставници на 12 министерства и агенции“, изјавил Данилов.

Додал дека во четвртокот започнал состаникот на кој учествуваат и претставници на надлежните органи на Иран и притоа се проучуваат различни верзии за „ненадејното уривање на авионот“.

Според украинскиот претставник, „меѓу главните опции“ се разгледува и „погодок во авионот од страна на ракетен систем за противвоздушна одбрана, вклучително и одбранбениот систем ‘Тор’, бидејќи информациите за откривање на фрагменти од проектил близу местото на несреќата веќе се појавија на интернет“.

Покрај тоа, додава Данилов, се проучува и можноста на судар на авионот со беспилотно летало или друг летачки објект, верзијата за дефект и експлозија на моторот од технички причини, како и експлозија во авионот како резултат на терористички чин.

„Нашата комисија во моментов се координира со иранските власти по прашањето за излегување на местото на несреќата и има намера да бара остатоци од противвоздушната ракета ‘Тор’, според податоците објавени на интернет“, вели Данилов.

Додава дека во моментов се водат ефективни дипломатски преговори со иранската страна и оти Украина се надева дека ќе има соработка за сите прашања, вклучително и за учество на украинската комисија во дешифрирањето на „црните кутии“ од авионот за кои Техеран веднаш во средата објави дека се најдени на местото на падот, но дека нема да бидат предаден надвор од Иран.

Претходно во четвртокот Организацијата за иранско цивилно воздухоплоство (CAO) во својот прв извештај, повикувајќи се на очевидци од земјата и од воздух, објави дека авионот „Boeing 737“ кој се урна во средата утрото во Техеран се свртил за да се врати на аеродромот откако забележал „проблем“, а потоа се запалил.

Противвоздушниот ракетен ситем „Тор“ е равение и воведен во воружувањето на поранешниот СССР во 1986 година. Производството на модификуваните верзии на овој ракетен комплекс продолжи и во Русија. Системот може да погоди цели на оддалекеност од 1 до 16 километри и на височина од 10 метри и 10 километри. Според отворените извори, во моментов системот „Тор“ е во составот на армиите на најмалку 11 земји, вклучително и на Иран.

Авионот се урнал набрзо по полетувањето од Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Во авионот имало 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци од кои девет членови на екипажот, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, и по тројца Германци и Британци. Од Техеран полетал во 6,10 часот по локално време кон Киев, а неколку минути подоцна исчезнал од радарите уривајќи се недаелку од иранската престолнина.

Украинската амбасада во Техеран го промени првичното соопштение за причините за падот на авионот во Иран, во кое терористички или ракетен напад се исклучуваа како причина за несреќата и падот на украинскиот авион. Амбасадата во второто соопштение наведе дека причините за инцидентот се „дефект на моторот поради технички причини“, како и дека се „разјаснуваат“, и оти претходните соопштенија за причините за несреќата „не се официјални“.