Украина ја совлада Македонија 2-1

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 2:1 на денешниот натпревар со Украина во 2. коло од Ц-групата на Европското фудбалско првенство. Андриј Јармоленко во 29. минута им донесе водство на Украинците, Роман Јаремчук пет минути подоцна ја удвои предноста.

Македонците постигнаа гол преку капитенот Горан Пандев во 39.минута, но судиите оправдано го поништија поради офсајд. Столе Димитриевски успеа да одбрани пенал и да ја остави Македонија во игра на мечот против Украина од второто коло од групата Ц на Европското првенство.

Даниел Аврамовски играше со рака по еден слободен удар на Украинците од десната страна, по што главниот судија на мечот по консултација со ВАР досуди пенал за Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.