Украина бара Москва да обезбеди прекин на огнот во Донбас

Украина денеска ја повика Русија да ги исполни безбедносните обврски согласно Договорот од Минск и да обезбеди траен прекин на огнот во Донбас.

Киев оцени дека тоа е нужен предуслов за напредок во другите области од мировниот процес, како и важен елемент на глобалните напори за сузбивање на ширењето на Ковид-19, го пренесува Танјуг соопштението од украинската Амбасада во Белград.

„Ја повикуваме Руската Федерација целосно да го обезбеди правото на живот и пристап до медицинска нега за нелегално затворените Украинци, да обезбеди непречен и безбеден пристап на населението до претставниците на набудувачките мисии и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, како и украинските лекари во привремено окупираните територии со цел спроведување на квалификуван лекарски преглед и третмани“, се вели во соопштението на украинската Амбасада.