Украина бара од ОН да ги запре „агресивните планови“ на Русија

Украина во средата од Советот за безбедност при Обединетите нации побара да ги запре „агресивните планови“ на Русија, а претходно генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш ги предупреди членките дека проширен судир „би можел да резултира со опсег и жестина невидени наназад многу години“.

Генералното собрание на ОН заседава на својата годишна пленарна седница за Украина која се совпадна со зголемените тензии поради обвинувањата од САД и НАТО дека Русија наводно распоредила над 150.000 војници на границата со Украина и дека во следните 48 часа се подготвува за целосна инвазија.

Москва, не само што ги отфрла овие обвинувања, туку и ги обвинува Вашингтон и Брисел дека разгоруваат „антируска хистерија“ и оти со постојаното вооружување на Киев предизвикале опасност од украински напад врз одментатите источни доминантно руски региони во Донецк и Луганск, што ѝ послужи да го оправда признавањето на нивната независност и да испрати единци за спречување наводен украински напад.

„Никој нема да може да ја избегне кризата доколку претседателот Путин реши дека може да започне напад. Активната дипломатија, силните политички пораки, острите економски санкции и јакнењето на Украина сѐ уште може да ја присилат Москва да се откаже од агресивните планови“, тврдеше украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

По последниот потег на Русија за признавањето на Донецк и Луганск и испрати единици за „зачувување на мирот“, САД и нивните сојузници во ЕУ и светот и наметнаа нови санкции на Москва,

Гутереш оцени дека руските единции во Донбас нема да бидат „миротворци“, и повика на прекина на огнот од двете конфронтирани стерани и враќање на дијалогот.

Британскиот државен секретар за јужна Азија и Комонвелтот, Тарик Ахмад, ги повика овие земји, исто така, да воведат санкции против Русија.

Германскиот државен секретар Тобијас Линднер на Генералното собрание рече дека „треба да се збијат редовите и силно да се отфрли таквиот вид дејствување“. „Ако не го сториме тоа, тоа што ја снајде Украина може утре да ѝ се случи на некоја друга членка на ОН“, рече Линднер.

САД се надеваат дека на Генералното собрание ќе се покаже колку Русија е изолирана во светот поради кризата со Украина.

Агенцијата Reuters потсетува дека во 2014-та кога црноморскиот полуостров Крим ѝ се присоедини на Руската Федерација по превратот во Криев резолуцијатоа со 100 гласови „за“ ги прогласи неважечки двата референдума со која руското доминатно мнозинство на Крим си ја поврати автономијата укината во 1990-те со осамостојувањето на Украина и да се врати во составот на Русија од којашто административно е изделена во 1954 година.

Ресолуциите на Генералното собрание на ОН, сепак, имаат само политичка тежина, но не се правно обврзувачки.