Украина „длабоко разочарана“ од Канада за враќањето на турбината за Северен тек 1

Украинските министри за енергетика и за надворешни работи изразија во неделата „длабока загриженост“ од одлуката на владата на Канада да ја врати поправената турбина на „Siemens“ на Русија неопходна за подобрување на функционирањето на гасоводот Северен тек 1 со кој ќе се зголеми сега силно намаленото снабдување на Германија и Европа со рускиот природен гас.

Изјавата објавена на мрежната страница на украинското министерство за енергетика се повикува канадската влада да ја промени својата одлука, бидејќи враќањето на турбината наводно значело дека Отава „се прилагодува на хировите“ на Москва.

Канада, на исклучиво барање на Германија и по неколкунеделни преговори, објави дека поправената турбина во погоните на германски „Siemens“ кај Монтреал од санкциите наметнати против Русија поради војната во Украина, така што ќе даде „временски ограничена и отповикувачка дозвола“ за враќање на поправената турбина кој би требало повторно да биде вградена во гасоводот Северен тек 1, со што на Европа ќе ѝ биде овозможено да ги наполни своите складишта со гас пред доаѓањето на сезоната на греење.

Русија во јуни за 60 отсто го намали дотокот на гас поради тоа што е одложено враќање на турбината од канадскиот погон на „Siemens“ каде беше испратена на редовен ремонт, а не како одговор на западните антируски санкции. Рускиот енергетски гигант „Газпром“ го намали во јуни ги намали за 40 отсто испораките на гасот преку Северен тек 1 во споредба со и онака намалените капацитети во мај.

Намалените испораки од Русија уште повеќе ги подигнаа високите цени на гасот во Европа и предизвикаа незадоволство на граѓаните и тревоги кај владите кои стравуваат дека нема да складираат доволно гас пред настапувањето на есента и зимата. Некои земји наведоа поради тоа кризни мерки, повикувајќи ги компаниите и граѓаните на ригорозни штедења на енергијата.

Москва потврди во петокот дека доколку турбините бидат вратени, испораките на гасот во Европа ќе бидат зголемени во согласност со договорите.

Канада истовремено, за да ги примири своите сојузници, најави дека ќе ги прошири своите санкции против рускиот енергетски сектор на индустриското производство, а што нејасно е каков вистински ефект ќе имаат. Отава образложи дека турбината ќе ја изземе од санкциите за да ги спречи уште поголемите проблеми за германското стопанство и да се избегне сценариото германските домаќинства да останат без греење зимата.

Западните земји предводени од САД ја искористија офанзивата на Русија во Украина, за што Москва тврди дека е превентивна изнудена од непријателското однесување на Киев „специјална воена операција“ со ограничени задачи, за да воведат дополнителни антируски сеопфатни санкции без преседан, а Украина постојано повикува тие да бидат заострени за наводно да се ослаби руската воена моќ.

Меѓутоа, и покрај сите повеќемесечни обиди на земјите во Европа да обезбедат други правци на снабдување со енергенси, континентот сѐ уште е силно зависна од руските нафта и гас, а Германија пред февруари годинава повеќе од половината од своите потреби од гас ги покриваше со увоз од Русија.