Украина доби нова Влада

Украинскиот парламент го усвои предлогот нов премиер да биде поранешниот министер за економија, Арсениј Јацењак. За тоа време ситуацијата на Крим се компликува.

За Јацењак гласале 371 пратеници во Врховната Рада, од вкупно 417. Лидерот на партијата „Татковина“ по изборот за премиер изјави дека нема намера да се кандидира за претстојните избори, кои што се распишани за мај откако парламентот го развласти Виктор Јанукович.

Во украинскиот парламент денеска исто така е формирана и коалицијата Европски избор која се состои од 250 пратеници, мнозинството од опозициските партии. Меѓутоа, тоа нема да им биде доволно за апсолутно мнозинство за кое се потребни 300 пратеници.

Поранешната владејачка партија, Партија на регионите, истовремено најави дека ќе формира опозициски блок.

Во говорот пред пратениците, откако беше избран за премиер, Јацењук најави проевропски курс на новата влада и апелирал до Русија да соработува во врска со испорачување на симнатиот од власт претседател Јанукович, кому Русија му ја уважи молбата да му пружи заштита.

Јацењук вели дека владата ќе мора да преземе непопуларни мерки за да ја извлече земјата од економската криза.