Украина добила повеќе од 12 милијарди долари од почетокот на конфликтот

Украина добила повеќе од 12 милијарди долари во оружје и финансиска помош од почетокот на конфликтот со Русија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.

Говорејќи на донаторската конференција на високо ниво во Варшава, Шмихал им се заблагодари на лидерите на Полска, Шведска и на Европската комисија за нивната „непоколеблива поддршка за Украина во текот на целата војна“.

На меѓународната донаторска конференција за Украина денеска се собрани 6,5 милијарди долари, соопшти полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

(МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.