Украинската влада соопшти дека од денеска планира да продава обврзници за да ги плати своите вооружени сили додека ја бранат земјата од руската инвазија, јави Би-Би-Си.
Во нишка на Твитер, Министерството за финансии на Украина соопшти дека секоја едногодишна обврзница ќе има номинална вредност од 1.000 украински гривни (24,80 фунти; 33,27 долари), а каматната стапка што ќе им се нуди на инвеститорите „ќе биде одредена на аукцијата“.
-Приходите од обврзниците ќе бидат искористени за задоволување на потребите на вооружените сили на Украина, се додава.