Украина ќе стане федерација или група од држави?

Рускиот политичар и именуван претставник на Путин во анектираниот Крим, Георги Мурадов,  денеска изјавија дека е малку веројатно Украина да продолжи да постои во сегашната форма, пренесуваат руските медиуми. Мурадов изјави дека Украина најверојатно ќе стане федерација или група од држави.

Според него, Украина би можела да постои во форма на сојузна држава со целосно почитување на правата на националните заедници, особено јазичните, културните, образовните и верските.

„Лингвистичките права на рускиот народ ки се вградени во десеттиот член од украинскиот устав беа грубо прекршени, а украинската држава стана неодржлива“.

Според него, ниту една земја која се почитува себеси и својот народ не би толерирала флагрантно кршење на прародителските права на своите сонародници во соседните држави.

„И уште повеќе ако овие обиди резултираат со целосно уништување на луѓе, како што се случи во последниве години во однос на Русите и руско говорниците во Украина, каде што живееле со векови во својата родна земја“, истакна Мурадов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.