Украина ги повика странските пилоти на „F-16“ да се борат против Русија

Министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников, ги повика странските пилоти и специјалисти да се приклучат на одбраната на Украина, пренесува украинската новинска агенција Униан.

Резников го упати овој апел во текот на заедничкиот брифинг за новинарите со неговиот дански колега Троелс Лунд Поулсен во прес-центарот во црноморскиот пристанишен град Одеса, инаку населен со мноинско руско и рускојазично население.

„Овој повик е упатен до пилотите. Доколку има пилоти кои знаат да летаат со борбени авиони F-16 и се подготвени да учествуваат (во војната), ние сме подготвени да им ја отвориме вратата, рече Резников.

Испораката на западните типови борбени авионите е сложена операција, затоа што е потребна голема логистика, гориво, ремонт, инженерство, авионика и зачестени доверливи единици летала за обезбедување на борбена примена согласно стандардите за авионите на НАТО, а сето тоа бара значителни напори и експерти на самиот теренот, на аеродромите во близина на боиштето, што подразбира и испраќање технички воен персонал на земјите од НАТО во Украина.

Покрај тоа, станува збор за сложена, скапа и долготрајна обука на пилотите, но Киев тврди дека неговите воени пилоти кои досега се обучувани на авионите од постосветскиот периот брзо може да совладаат управување со западните авиони.

Засега САД одбиваат да ѝ ги испорачаат борбени авиони „F-16“ на Украина. Американскиот претседател Џозеф Бајден за време на посетата на Киев минатиот месец изјави дека на Украина сè уште не ѝ се потребни авиони, бидејќи, како што истакна, САД во моментов им обезбедуваат на украинските вооружени сили и друго важно оружје.

Американскиот државен секретар за одбрана Лојд Остин, сито така, изрази уверување дека на Украинците на бојното поле во моментов им е потребна противввоздушна одбрана со долг дострел и оцени дека повеќенаменскиот борбен авион „F-16“ нема да ѝ помогне на Украина во оваа фаза од војната.

Но воените стручњаци потсетуваат дека напредните тенкови од западно производство кои земјите од НАТО му ги ветија на Киев и сѐ уште се испорачуваат во помал број, нема да имаат голема ефикасност без соодветна поддршка од воздух.