Украина денеска ги повика жителите на областа околу нуклеарната централа Запорожје да се евакуираат заради сопствена безбедност.
„Апелирам до жителите на областа во близина на нуклеарната централа Запорожје, да се евакуираат. Најдете начин да стигнете до територијата што е под (украинска) контрола“, напиша вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Протераниот градоначалник на Енергодар, Дмитро Орлов, кој ја опслужува нуклеарната централа, на Телеграм изјави дека градот е под оган од руските сили и нема струја.
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа.