Украина главна тема на разговорите во Советот на ЕУ

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе разговараат за ситуацијата во Украина, во рамките на состанокот на Советот на Европската унија за надворешни работи, пренесоа „УНИАН“.

Министрите ќе разговараат за прашањето за „Источното партнерство“, а исто така и за последните настани во Украина. Ќе биде разгледана и проблематиката на јужното соседство, односите со Египет, Тунис и Јемен, како иурегулирањето на конфликтот во Сирија.