ВИДЕО| Украина го гранатирала центарот на Херсон

Украинските сили истрелале три ракети од системот „Точка-У“ кон јужниот украински град Херсон, од кои две биле соборени, пренесе агенцијата РИА повикувајќи се на претставници на безбедносните служби во градот кој е под контрола на проруските и руските сили.

„Од правецот каде што се распоредени украински трупи, беа истрелани три (ракети) ‘Точка-У’ кон центарот на Херсон, две од нив беа соборени“, рекол соговорникот на агенцијата.

Претходно дописникот на РИА Новости јави за гранаториање во областа на телевизискиот центар во Херсон со ракети „Точка-У“ и „Урага“, но засега нема информации за настрадани. Станува збор за телевизиски центар кој ги реемитува руските канали во градот и регионот.

Кратерот од една од експлозиите, според дописникот, изнесувал околу пет метри. Фрагменти од ракетата паднале и во градскиот парк во Херсон.

Руските вооружени сили во вторникот вечерта објавија дека заземале нови територии во источна и јужна Украина, вклучително и целиот јужен Херсонски регион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.