Украина: Го опколивме градот Лиман, Русите се предаваат (ВИДЕО)

Портпаролот на украинската војска Серхиј Череваџи изјави дека украинските сили го опколиле градот Лиман, кој со месеци служел како логистички и транспортен центар за руските операции на северот од регионот.

Тој додава дека во таа област имало меѓу 5.000 и 5.500 руски војници.

„Некои се предадоа. Имаат многу убиени и ранети, но операцијата се уште не е завршена“, рече Череваџи.

Украинските вооружени сили објавија видео пред знакот за влез во градот Лиман, каде што тврдат дека опколиле илјадници руски војници.