Украина го продолжи „посебниот статус“ на одметнатите региони

GENYA SAVILOV / AFP)

Украинскиот парламент изгласа во четвртокот продолжување на регулативата која им дава ограничена самоуправа на југоисточните рускојазични регион кои се под контрола на бунтовниците, што е предуслов за договорот со кој се репава петгодишниот судир.

Пратениците во парламентот на споменатите региони на уште една година им го продолжија „посебниот статус“, за кој одлуката беше донесена во 2015 година по еден од првите договори во Минск и досега повеќепати беше продолжуван.

Законот кои овозможува продолжување на статусот „има цел да создаде привремени можности за имплементација на релевантните законодавни услови кои водат кон мирно решение на ситуацијата во подрачјето на регионит Донецк и Луганск“, изјави пред гласањето еден од авторите на законот Александ Коријенко.

Посебниот статус им овозможува на регионите да имаат свои сопствени полцииски сили, обвинители и судови, како и да организираат локални избори, некои одредби кои беа укинати по превратот во Киев во март 2014 година.

Договорот за продолжувањето на законот за специјалниот статус е составен дел и од договорот кој минатата седмца на средбата во Париз го постигнаа челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.