Украина и понатаму ги диктира цените на нафтата

Цените на нафтата денеска се различни, по загриженоста поради украинската криза и продолжувањето на острите судири на истокот на Украина.

Барел американската „лесна“ нафта за испорака во јули поевтини на меркантилната берза во Њујорк за четири центи на 104,07 долари за барел.

Иста количина на северноморска нафта од типот „брент“ за испорака во јули на пазарот во Лондон чини 110,15 долари односно 13 центи повеќе отколку на крајот на вчерашното тргување, пренесува новинската агенција Франс прес.

Привремената влада во Киев соопшти вчера дека по борбите со проруските сили на аеродромот во Доњецк, на истокот на Украина, вратена е контрола над овој аеродром и дека во таа прилика загинале 40 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.