Украина: Кандидатот за премиер познат во четврток

Во четврток може да биде објавена кандидатурата за премиер на Украина, пренесе „Интерфакс“, повикувајќи се на пратеник од владејачката Партија на регионите.

На прашање на новинарите кога може да се очекува објавувањето на назначувањето, пратеничката Ана Герман изјави дека тоа најверојатно ќе се случи во четвртокот.

Засега нема информации за името на идниот премиер на земјата.