Украина може да извезе 60 милиони тони жито да не се блокирани пристаништата

Украина би можела да извезе 60 милиони тони жито за осум до девет месеци доколку нејзините пристаништа не бидат блокирани, изјави денеска Олех Устенко, економски советник на украинскиот претседател. Тој рече дека вчерашниот руски напад на пристаништето Одеса покажал дека дефинитивно нема да биде така лесно, пренесува Ројтерс.

Устенко изјави дека Украина може да заработи 10 милијарди долари со извоз на 20 милиони тони жито во силоси, покрај 40 милиони тони од новата реколта.

Тој додаде дека на Украина ќе и бидат потребни 20 до 24 месеци за да ги извезе тие количини доколку нејзините пристаништа не функционираат правилно.

Украина објави дека руски ракети вчера ја погодиле инфраструктурата во украинското пристаниште Одеса, еден ден откако Русија и Украина, со посредство на ОН и Турција, потпишаа договор за отворање на црноморските пристаништа и обновување на извозот на жито.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.