Украина на аукција продава кучиња за да се исплатат долговите на сопствениците

Чистокрвни кучиња кои се запленети во Украина на основа на судски налози поради долгови на нивните сопственици, ќе бидат продадени на онлајн наддавање, што предизвика многу реакции во јавноста.

Многумина во прв момент помислија дека аукцијата на државните интернет странции за продажаба на запленети предмети е шега, но кога на наддавањето се понудени две кучиња се испоставило дека станува збор за вистински животни, пишува BBC.

Опозицискиот пратеник Михаил Волинец објави фотографија на два чистокрвни песа, пишувајќи дека надлежните ги користат како адут за преговори. Почетната цена на песот овчар била 44 евра, а за другиот станувало збор за многу помала сума.

„Ние навистина мораме на сопствениците да им ги одземеме милениците. Иако се одземени поради неликвидноста на своите поранешни сопственици, често се утврдува дека за нив тоа е најдобро, бидејќи кон милениците се постапувало лошо“, изјавил за BBC украинскиот министер за правда Денис Маљушка.

Животот за многу Украинци е многу скап, а последните години пензиите одвај успеваат да го следат остриот раст на сметките за природен гас. Претходно годинава член на владејачката партија на претседателот Владимир Зеленски, ѝ се извини на пензионерка, којашто одвај составувала крај со крај, зашто ѝ советувал да си го продаде кучето.

Министерот Маљушка рекол дека исплаќањето на долговите на сопствениците на кучињата е само една од причините поради коишто животните се конфискувани. Некои се одземени бидејќи каснале некого на улица било поради тоа што судот одлучил дека треба да бидат дадени на друг сопственик поради подобра грижа за нив.

Запленетите домашни миленици често ги откупува самиот сопственик или неговите роднини за симболична сума, рекол министерот. Маљушка притоа предложил да се престане со аукција на кучиња, додавајќи дека и самиот ќе купи едно од запленетите кучиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.