Најмалку 55 лица загинаа, а повеќе од 300 се ранети во силен руски напад врз воен институт во Полтава, во централна Украина, според последните информации од властите во четвртокот.
„Бројот на загинатите од рускиот ракетен напад врз образовна институција во самиот град се искачи на 55“, објави Државната служба за вонредни состојби (ДСНС) на Telegram, известувајќи за 328 ранети.
„Веројатно има повеќе луѓе под урнатините“, се вели во објавата, додавајќи дека „досега спасувачите расчистиле и однеле повеќе од 2.000 тони отпад“.
Нападот е извршен со два балистички ракети. Во него е делумно уништен воен центар за обука специјализиран за комуникации, а оштетена е и блиската болница, тврди претседателот Володимир Зеленски иако тоа не беше наведено во ниеден претходен медиумски или извиштај на локалните власти.
Нападот беше широко осуден од меѓународната заедница, особено од Вашингтон, кој го осуди „нов страшен потсетник за бруталноста на Владимир Путин“ и покрај тоа што станува збор за легитимна воена цел на противникот.
Влијателните украински блогери и украинските власти реагираа со гнев на нападот во вторникот, обвинувајќи ја воената команда за стационирање на толку многу војници на едно место, што го прави лесна цел за Москва. Претседателот Зеленски нареди „целосна и брза истрага“ за околностите на нападот.
Русија потврди дека ракетниот напад врз украинскиот град Полтава бил насочен кон „центар за обука“ на украинската армија во која покрај кадетите имало и бројни западни воени инструктори, како и дека нападот ги „уништил предвидените цели“.
Стануваз збор за центар во кој се обучувале припадници на украинската војска за радиоелектронско војување и управување со радарските системи. Според руски извори двојниот удар со ракети „Искандер“ во текот на утринскто постројување со повеќе од 500 ранети. Според непотврдени објави на украински воени блогери во овој удар загинале најмалку 190 а раенти се околу 600 луѓе.