Украина: Пет гувернери и четири заменици разрешени од должности поради корупција

Пет регионални гувернери и четири заменици министри се разрешени од должноста во Украина, соопшти во вторникот владаа по сомневање во корупциски скандал во војската со средствата добиени како странска помош.

Според Тарас Мелнјичук, владин повереник во парламентот, гувернерите на централната Дњепоропеторвска област, Валентин Јанушевич, на јужната Запорошка област, Олександр Старух, на северната Сумска област Дмитро Живицки, на јужната Херсонска, Јарослав Јанушевич и на Киевската област, во која не влегува главниот град, Олексиј Кулеба, ќе заминат од должностите.

Според украинските медиуми, листата на оставки и разрешувања нема да биде ограничена само на овие имиња. Така, под закана да биде принуден на оставка и е самиот премиер Денис Шмигал.

Објавите во медиумите за набавки по надуени цени од Министерството за одбрана, следеа по притворањето на заменик министерот за инфраструктура, развој на заедницата и територијата Василиј Лозински поради сомневање за поткуп.

Притоа, во медиумите веќе има обвинувања за корупција против клучната личност во структурата на украинската влада,  шефот на Кабинетот на претседателот Андриј Ермак.

Изворите на оваа листа се медиумите и активистите, кои обично се поврзуваат со западните структури. Како и антикорупциските агенции – НАБУ и САПО, за кои се верува дека се под туторство на Вашингтон.

Резниченко уште во ноември беше обвинет во медиумите дека договорот за обновување на сообраќајниците вреден десетици милиони евра, ги доделил на компанија во сопственост на својата партнерка којашто работи како личен тренер.

Според украинските медиуми, Резниченко и неговите колеги од Суми, Херсон и Запорожје се опфатени со судска истрага, а разрешувањето на Кулеба е поврзано со неговото скорешно именување на должноста во кабинетот на претседателот Володомир Зеленски.

Владата го разреши и заменикот министер за одбрана Вјачеслав Шаповалов, чијашто оставка е најавена претходно во вторникот, како и заменикот министер за социјални политики Виталиј Музиченко, како и двајцата заменици министри за територијален развој, Иван Лукерја и Вјачеслав Негода.

Анатолиј Иванкевич и Виктор Вишњов, заменици на директорот на украинската Управа за поморски и речен сообраќај, исто така, се разрешени од должностите.

Серијата смени и разрешувања доаѓа откако медиумите подолг период известуваат за продолжување на предвоената практика за надвување на цените во договорите за набавка на храна за украинската војска, што е првиот потврден корупциски скандал во украинското министерство за одбрана.

Претседателот Зеленски во понеделникот ноќта најави низа „кадровски решенија“ во врска со оваа афера.

Корупциските скандали не беа реткост и пред руската инвазија на Русија. Оваа афера се случува додека Киев бара стотици модерни тенкови од западните сојузници. Во Франција и САД изминатите месеци искажуваа загриженост поради извештаите за недостиг од вооружување на првата линија на фронтот, и покрај големите испораки на оружје за што известуваа преку јавно обраќања на социјалните мрежи странските доброволци и украинските борци.

Украина со децении е обвинувана за ендемска корупција, многу нејзини поранешни функционери, вклучително и премиерката Јулија Тимошенко, која исто како и Зеленски беше поддржана од Западот, беше осудена за манипулации и штетни договори. Актуелната власт, исто така, го гони и првиот претседател по превратот во 2014-та Петро Порошенко поради корупција и предавство. Па дури и во актуелната војна во САД и во Франција се појавија сомневања за манипулации со воената помош што ја даваат двете земји на Украина во нејзината војна со Русија.

Во септември годинава италијанските медиуми открија дека семејството Зеленски поседува исклучително луксузна вила во регионот Тоскана која ја издава на руско семејство за 50.000 евра месечно, а која чини 4 милиони евра и која Зеленски ја купил наводно во времето додека беше актер.

Името на Зеленски, исто така, беше споменувано и во ткн Панамски документи („Pandora Papers“) од октомври 2021 година кога Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ICIJ) објави извадоци од приближно 11,9 милиони документи со податоците за офшор сметки на голем број светски политичари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.