Украина подготвена на „разумен компромис“ во конфликтот со Русија

Украина е подготвена да прифати „разумен компромис“ на самитот за разрешување на судирот во југоисточна Украина, соопшти во вторникот украинскиот министер за внатрешни рабори Вадим Присајко.

Челниците на ткн „Нормандиска четворика“, односно Украина, Русија, Германија и Франција следниот месец треба да се состанат и повторно да се обидат да стават крај на судирот меѓу централната власта во Киев и рускојазичните и бунтовници од руската заедница кој започна во 2014 година по превратот кога на власт дојдоа политичктие сили поддржувани од Западот.

„Одиме на состанокот со отворени идеи, им и поготврени сме да прифатиме разумен компромис“, рече Пристајко за новинарите во текот на средбата со германскиот министер за надворешни работи Хајки Мас.

Мас, од своја страна, изјави дека Германија и Франција ќе сторат сѐ за да помогнат да се изнајде трајно решение на конфликтот и додаде дека со ним им се чини дека „е време Русија да преземе нешто“ и да помогне во завршување на судирот.

Самитот ќе биде првата средба на челниците на четирите земји по повеќе од три години, а го следат низа мерки на Киев и бунтовничките власти на самопрогласените републики во Доњецк и Луганск, вклучително и рамената на заработеници и постепеното повлекување на силите од линијата на судирот.