Украина нарачала 100 полски повеќенаменски оклопни возила „Rosomak“, што се произведени под финска лиценца, а ќе ги платат Европската унија и САД, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
„Добиваме нарачка од украинскиот премиер Денис Шмигал за 100 оклопни возила Rosomak што ќе се произведуваат овде#, рече Моравјецки во Сјемјановице Слонскје, јужно од Полска, каде што се произведуваат возилата.
Плаќањето ќе се врши од фондовите на ЕУ дадени на Полска и од американските фондови што ги доби Украина, изјави полскиот премиер.
Полскиот премиер не наведе колку е вкупната сума на договорот.
„Rosomak“ е повеќенаменско оклопно возило што се произведува под лиценца на финската фирма „Patria AMV“.