Украина потсетува на Балканот во 90-тите години

Сегашната криза во Украина потсетува на тоа што се случуваше на Балканот во 90-тите години од минатиот век и тоа е потсетник колку е важно Европа да се демократизира, оцени американскиот генерал во пензија Весли Кларк.

„Со воената интервенција во Србија НАТО донесе мир и крај на еден режим. Со таа акција НАТО ја зајакна својата улога на Балканот“, посочи Кларк, кој беше командант на Алијансата во Европа кога НАТО воено интервенираше против Србија.

„Украинската криза мора да биде потсетник дека во Европа мора да се поттикнуваат демократските процеси, какви би морале да следат и во Србија бидејќи од состојбата во таа земја битно зависи и состојбите во Босна и Херцеговина. Се чини дека Србија во моментот е на добар пат“, истакна Кларк за сараевскиот весник „Дневни аваз“.

Кларк на прашањето дали е возможно приближување на Србија кон Русија одговори дека „тоа е всушност добра можност Западот да се консолидира и да се постави како лидер на позитивни промени“.

Според Кларк, пледирањето на силни руско-српски односи само е ехо на идеите од минатото. Тие кои во Европа, на Балканот или во БиХ жалат за Путин нека одат кај него, вели тој, кој додава „Сибир е огромен и во него има место“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.