Украина предупредена за можно исклучување од ФИФА и УЕФА

Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА и сојузот на европските фудбалски федерации УЕФА ја предупредија Украинската фудбалска федерација УАФ, за можно исклучување во случај на одржување на виртуелниот состанок, објави во понеделникот на социјалните мрежи потпретседателот на УАФ, Олег Протасов.

Во дописите од ФИФА и УЕФА, како што се наведува во објавата, украинската асоцијација мора да управува со своите активности „без влијание на трети страни“. Во ФИФА, пак, се загрижени затоа што членови на извршниот одбор на украинската федерација биле под притисок да потпишат согласност за одржување на вонредно заседание.

Според прописите на меѓународните фудбалски асоцијации кои исклучуваат секакво надворешно мешање, особено политичко во спорот, секое прекршување на правилата може да доведе до исклучување на националните асоцијации.

Во ноември, Печерскиот окружен суд на Киев издаде налог за притвор на челникот на УАФ, Андриј Павелко на два месеца со можност за кауција во износ од 9.880.000 гривни (268.600 долари). Според медиумите, претседателот на асоцијацијата е обвинет за проневера на средства во кривично дело „за злоупотреба на фондови за меѓународна помош кои биле наменети за изградба на фабрика за вештачка трева“, за што истрагата била поведена уште во 2021 година.

На 29-ти ноември, УАФ ја платила кауција за Павелко, а медиумите денеска како негова уцена го оценуваат писмото со предупредување на од ФИФА и УЕФА за можно исклучување на Украина од натпреварувањата под нивно покровителство.

„Гледајќи во перспектива, искрено се надеваме дека ситуацијата може да биде решина и љубезно ве молиме да нѐ информирате за секој развој на ова прашање, за да можеме да ја процениме потребата за какви и да се потенцијални натамошни чекори. Истовремно, остануваме во целост на ваше располагање доколку имате какви и да е прашања во врска со тоа“, се вели во писмото.

Претходно медиумите објавија дека на сите членови на извршниот комитет на УАФ им бил испратен план за свикување и одржување виртуелен состанок за прашањето за недовербата на водството на организацијата и негово отстранување. Од украинската федерација велат дека не планираат да одржат конгрес, но не одговориле на новинарските прашања во врска со одржувањето на седница на извршниот одбор.

Поранешниот селектор на украинската репрезентација Андриј Шевченко е номиниран за претседател на УАФ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.