Украина распиша потерница по Марија Захарова

Службата за безбедност на Украина (СБУ) ја стави претставничката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, на листата на барани лица, пренесува RT. На веб-страницата на одделот на Министерството за внатрешни работи на Украина, објавена е информација за Марија Захарова, која „се крие од преткривичната истрага“, а како датум на нејзиното „исчезнување“ е наведен 14 март 2022 година.

Захарова се товари според член 110 од Кривичниот законик на Украина: „Повреда на територијалниот интегритет и неповредливост на Украина“.

На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи на Украина, претходно се појави и информација дека СБУ го ставила и Дмитриј Медведев, заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација, на листата на барани лица, кој исто така беше обвинет во Киев за посегнување на територијалниот интегритет на Украина.