Украина: Руските сили извршија ракетен напад врз железница во Дњепар

Руските сили истрелаа ракети врз објект на железничката инфраструктура во Дњепар, соопшти денеска прес-службата на Украинските железници.

Како што се наведува во соопштението, нема повредени меѓу железничарите, а обемот на штетата ќе се процени по завршувањето на тревогата за воздушен напад, објавија локалните медиуми.

-Руските трупи продолжуваат прецизно да ја напаѓаат железничката инфраструктура. Извршен е уште еден ракетен напад врз железничката инфраструктура во Дњепар, објави компанијата на социјалната мрежа Телеграм.