Украина: „Се ближи ли крајот на неприродната мини-империја на Ленин?“

Постојаните барања до страна на Русија, властите во Киев да го спроведат Минскиот договор од 2015-та може да биде последната шанса остатокот на Украина да остане обединет но не како „унитарна“ држава бидејќи се чини дека речиси неизбежно е само „конфедералното решение“ од натамошен колапс, се наведува во една руска анализа во која Украина се нарекува „комунистичка зомби конструкција“ и се дава историски преглед на тоа како на денешната украинска држава биле придодавани територии.

Во текстот се истакнува дека Украина може да го задржи сегашниот територијален изглед, доколку на тоа се согласат самопрогласените области во Донбас под услови кои ги даваше Минскиот мировен договор, а исти такви права, на самостојно уредување на своите региони и користење на мајчиниот јазик им се дадат и на другите домардони (автохтони) малцинства како што се Унгарците, Полјаците, Романите и остатокот од Русите кои живеат во другите области на украинска територија.

Се наведува дека тоа е една од клучните нешта кои треба да се имаат предвид кога се анализира одлуката на рускиот претседател Владимир Путин од понеделникот вечерта да ги признае самопрогласените републики во Донецк и Луганск на истокот на Украина. Она што особено се истакнува е јасното чувство за историјата што го покажал рускиот челник во речиси едночасовното обраќање до нацијата. Имено Путин во обраќањето кога спомна дека Русите ќе ѝ покажат на власта во Киев како се прави „декомунизацијата“, според написот, всушност потсетува дека потеклото на современата украинска држава е наследство токму на основачот на некогашниот СССР, Владимир Илич Ленин, чии споменици сега модерните „украински националисти“ ги уриваат како наводно расчистување и дистанцирање од Русија.

Путин всушност оцени дека Ленин направил огромни административни грешки со одземање историски руски територии и предавање на новосоздадените теротиријално-национални единици. Ленин, како што можеше да се разбере од говорот на Путин, го сторил тоа како дел од неетички заговор како да се задржи себеси и неговата комунистичката партија на власт по револуцијата во 1917 година, што повеќе наликувала на пуч од периодот на сегашните „обоени револуции“ низ светот.

„Дали сакате декомунизација? Па, ова сосема ни одговара. Но, не смеете да застанете на половина пат. Подготвени сме да ви покажеме што значи вистинска декомунизација за Украина“, рече Путин изложувајќи го обликувањето на границите на оваа земја, коишто опфатиле многу повеќе население отколку само оние кои се идентификувале како Украинци создавајќи неприродна мини-империја.

Притоа во анализата е објавена мапа на територијата на Украина со одбележани области со историски преглед на годините кои биле присоединувани на нејзината од Ленин, како и од неговите наследници на комунистичката советска партија Грузиецот Јосиф Висарионович Сталин и етничкиот Украинец Никита Хрушчов,

Она што Путин го апострофираше во обраќањето, а е надвладувачко мислење кај многу руски но и други историчари, е дека системот на Ленин и неговата коминистичка партија да се одржуваат на власт преку начинот „раздели па владеј“ всушност им одел нарака на екстремните националистички движења. Тоа, во конректниот случај на Украина резултирало со тоа што не само делови од руски историски територии биле одземени од директна контрола на матичната држава, туку и области од Унгарија, Полска и Романија коишто биле освоени во текот на различните конфликти по формирањето на СССР во 1922 година. Во руското размислување се наведува дека иако во Советскито сојуз имало искрен обид да се асимилираат, интегрираат и правично да се третираат тие малцинства иако вистински малку остварено во праксата, намерите на Украина по независноста во 1990-те години биле сосема поинакви, а особено биле забележливи по „превратот поддржан од Западот на почетокот од 2014 година и урбаниот тероризам опишуван популарно како Евромајдан“.

„Националистичките власти кои подоцна дојдоа на власт со поддршка на Западот се обидоа агресивно да ги потиснат правата на малцинствата дотогаш запоставени од нивните земји“, се вели во написот. Се додава и дека потоа, и тие држави почнаа да реагираат, па се споменува примерот на Полска, којашто по САД е меѓу најголемите поддржувачи на прозападните власти во Киев, а која кон крајот на минатата 2021 година имаше изненадувачки остар извештај за соседната земја, за третманот на нејзините сонародници, особено во периодот кога биле иселувани од страна на тајната украинска комунистичка полиција.

И Унгарија, исто така, членка на НАТО и ЕУ, која е во спор со Киев. Односите меѓу Унгарија и Украина се влошени откако по превратот во 2014 година во Киев беа укинати правата, вклучително и за користење на јазикот како службен во западниот украински регион Закарпатие каде што живеат околу 150.000 етнички Унгарци. Киев особено ја разгневи Будимпешта кога во 2017 година го воведе законот со кој во училиштата се забранува користењето на јазиците на малцинствата, вклучително и унгарскиот. Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, освен обвинувањата и за тортура врз унгарското малцинство, се закани и со блокирање на напорите на Киев за поблиска соработка со НАТО и Европската унија.

За споменатиот полски извештај се нагласува дека тоа не бил од некоја невладина организација или анонимен новирар, туку споделен од полскиот заменик министер за надворешни работи и Комитетот за односи со Полјаците во дијаспората, што стана официјален документ на владата во Варшава. Во него беше изразена исклучителна загриженсота за украинскиот „закон за јазици“ кој претходно го осудија и Унгарија и Русија, а беше една од директните причини за бунтот на руското и рускојазичното население во Донбас. Варшава тогаш потсети и на глорификување во Киев на историски личности одговорни за геноцидот врз полскиот народ во текот на Втората светска војна на просторите на поранешната советска република. Дополнително во извештајот предупреди и на религиозни нетрпеливости кон полските католици, поради што беше речено дека „не би било претерано да се каже дека Полјаците во Украина се дискриминирани“.

Според руските историчари и аналитичари ваквите „објективно постојни и лесно проверливи факти“ одат во прилог на убедувањето дека станува збор за „мини-империја“ создадена до Ленин и неговите комунисти, а којашто сега „одбива да ги почитува правата на малцинствата коишто произволно биле ставени во нејзините административни граници“.

Таквите политики потенцијално би можело да одат во насока на инсистирањата на Русија, „за да се исправат историските грешки на Ленин за нивни буквално нивно туркање во Украна“, како што рече Путин во понеделникот ноќта во текот на неговиот говор. Но засега се чини дека Москава има поинаков исход на ум, зашто додека нејзините челници истакнуваат дека „прашањето за Крим е затворено“, во однос на Донбас тоа засега не е толку јасно. Потсетувајќи на Минскиот договор, Русија навесува дека би можела да прифати „конфедерално решение“ меѓу Донбас и Украина, што всушност би значело своевидна „боснификација“ на поранешната советска република зашто проруската област според договорот треба да добие „специјален статус“. Но вистинските намери уште ги замагли изјавата на Путин од вторникот дека во овој момент Минскиот договор не постои и оти бил прекршен одамна пред тој да ги потпише признавањето на Донецк и Луганск.

Според процените, во моментов единствениот начин може да се имаат надежи дека номинално Донбас ќе биде реинкорпориран во Украина со согласност со ткн „конфедерално решение“ кое ќе му даде на тој отцепен регион широка автономија слична на де факто независност поради признавањето на нивниот суверенитет од Москва и поврзаното меѓусебно безбедносни договори со нив. Ако Киев не се согласи, тогаш Донбас е засекогаш изгубен за Киев, и може да постои ризик да изгуби и други територии.