Украина: Седум мртви во експлозија на рудник

Седум рудари загинаа, а девет се повредени во експлозија на метан во еден рудник на јаглен во источниот дел на Украина, соопштиле денеска локалните медиуми.

Експлозијата се случила доцна синоќа во рудникот Севернаја во близина на градот Макејевка, околу 15 километри од Доњецк, стои во соопштението на украинското Министерство за вонредни ситуации.

Во украинските рудници, како и оние во другите поранешни советски републики, често се случуваат несреќи пред се’ поради лошата инфраструктура и непочитување на процедурите за безбедност.