Украина стои зад нападот на Кремљ – проценуваат американските разузнувачки служби

Американски официјални лица веруваат дека нападот со дронови врз Кремљ, претходно овој месец, го извела една од украинските специјални воени или разузнувачки единици, пишува „Њујорк тајмс“. Станува збор за само еден во низата тајни акции против руски цели која ја вознемири администрацијата на Бајден.

Разузнувачките служби на САД која точно единица го извела нападот и дали претседателот на Украина, Володимир Зеленски и некој од неговото највисоко опкружување биле свесни за операцијата. Дел од американските претставници смета дека Зеленски не бил запознат дека нападот ќе биде изведен.

Агенциите дошле до своите прелиминарни проценки од пресретнатите комуникации во кои руски официјални лица ја обвинуваат Украина, но и други комуникации во кои украински официјални лица изразуваат верба дека нивната земја е одговорна за нападот на 3 мај.