Украина треба да се вика „Бандера-Рајх“, врати Медведев

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предложи преименување на Украина во чест на озлогласениот соработник на нацистите Степан Бандера. Неговиот предлог дојде откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ рече на неговата влада да го разгледа предлогот за промена на името на Русија, во Московија.

Во петокот, Зеленски им наложи на властите „темелно да го проучат“ предлогот за официјално преименување на Русија во „Московија“. Тој реагираше на онлајн петицијата, во која се тврди дека името „Русија“ дава основа за „понатамошно навлегување“ во историјата на Киевска Русија, средновековна држава од која и Русија и Украина го следат своето потекло.

Името „Московија“ датира од Големото Војводство Москва и историски го користеле некои автори за да ја опишат руската држава.

Во саботата, Медведев, кој беше руски претседател помеѓу 2008 и 2012 година, а моментално ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност, возврати во објава на неговиот Телеграм профил. „Нашиот одговор?… Само Швајниш Бандера-Рајх“, напиша тој. Зборот „schweinisch“ на германски значи „гнасно“.

Медведев очигледно се повикуваше на идолизирањето од страна на некои украински политичари на Степан Бандера, водач на Организацијата на украинските националисти (ОУН) од времето на Втората светска војна. Бандера соработувал со владата на Адолф Хитлер во раните фази на нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз. Подоцна бил уапсен и затворен од Германците поради несогласувања за иднината на Украина. По војната, Бандера побегнал во Западна Германија, каде што во 1959 година бил убиен од агент на КГБ.

Украинската бунтовничка армија се позиционираше како герилска сила која се бори и против советските и германските трупи. Нејзините агенти извршија повеќе злосторства врз полски, еврејски и руски цивили.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.