Украина тврди дека го одбива руското напредување во Доњецк

Украинските вооружен сили во вторникот тврдат дека одбиле неколку обиди за напредување на руските сили на рабните области од источниот одметнат проруски регион Доњецк.

Штабот на украинските сили за Доњецк вели дека сепаратистичките проруски и руските единици северно од Славјанск се одбиени., Спорно е, забележува германската агенција DPA, кој ја држи електричната централа Вуглегарска, но дека рускиот напад јужно од централата кај Новолуганск наводно бил одбиен.

Рускиот напад на самата административна граница од пред превратот во Киев од 2014 година на регионот Крим, во близина на Белогоривка и Вергокањанск, исто така, биле неуспешни, соопшти украинската војска.

Меѓутоа, малку појужно, руските сили во Спирно напредувале кон градот Северск со масивна артилериска поддршка и со дејствување на воздухопловните сили.

Покрај тоа, украинскиот штаб извести за интензивен артилериски оган врз големи делови од фронтот во регионот на Харков, Доњецк, Запорожје, Херсон и Никоалев, кои се под руска контрола. Извршени биле и неколку воздушни напади, од кои некои вклучувале и хеликоптери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.