Украина усвои закон насочен против олигарсите по обидот за атентат

Украинскиот парламент го донес во четвртокот законот со кој на олигарсите им се наредува да се регистрираат и да станат надвор од политиката, ден по обидот за атентат врз главниот советник на претседателот Владимир Зеленски, што фунцкионерите го сметаат за одговор на оваа реформа.

Целта на законот кон мина во првото читање во Радата во јули, е да се намали влијанието на олигарсите и да им се збрани да финансираат политички партии или учество во приватизациите.

Законот требаше двапати да биде изгласан и сега уште порад да го потврди украинскиот претседател за да стапи на сила. Законот во четвртокот го поддржаа 279 од 450-те пратеници во парламентот.

Тимот на Зеленски сугерираше дека бесот поради овој закон стои зад обидот за атентат врз Сергеј Шефир, главниот советник и близок пријател на украинскиот претседател. Така е квалификуван инцидентот од средата, кога во близина на главниот град Киев е пукано во автомобилот на Шефир, кој не е повреден во нападот за разлика од неговиот возач на чијашто страна биле истрелани главно куршумите.

Укранската полиција ги испрашува потенцијалните сведоци кои биле во близина на нападот и е во потрага по оружјето со коешто е изведен, рече во четвртокот портпаролот на министерството за внатрешни работи, Артјум Шевченко.