Украина усвои закон за хемиска кастрација на педофили

23

Парламент на Украина усвои нов закон со кој се вовоедува задолжителна хемиска кастрација за сексуални престапници, објави „Индепендент“.

Законот е усвоен по неколку медиумски експонирани прикзани за злоставувања на малолетници. Украински правни и медицински експерти остро ја критикуваа одлуката на парламентот и го повикаа претседателот Владимир Зеленски да интервенира со поставување вето.

Со новиот закон, на мажите кои извршиле сериозни сексуални злоупотреби на малолетници, преку инекција ќе им се даваат антиандрогени лекови.

Задолжителната хемиска кастрација ја поддржаа 247 пратеници, дури 21 пратеник повеќе од потребното за да се усвои нацрт законот.

Ваков закон годинава воведе и американската сојузна држава Алабама. Во Турција овој закон беше воведен во 2016 година, но Државниот совет ја спречи неговата примена бидејќи дефиницијата за лекување и неговите граници биле нејасни. Парламентот на Молдавија пак, го легализираше овој закон во 2012 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.