„Ние треба да преговараме“, рекол Арбузов, одговарајќи на прашањето дали смета дека одржувањето на вонредни парламентарни и претседателски избори би можело да биде решение за излез од сегашната ситуација во земјата, каде опозицијата секојдневно протестира и бара оставка од Владата.
„Кога ќе имаме официјален предлог, ние ќе преговараме со нив“, рекол Арбузов.
Неговата изјава следи по двонеделните протести во земјата против одлуката на Владата да се откаже од потпишувањето на договорот за приклучување кон Европската унија.