Украина: Во војната досега загинаа 148 деца

Украинските власти соопштија дека најмалку 148 деца се убиени во руските напади од почетокот на инвазијата.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русите од 24 февруари истрелале 1.370 проектили и уништиле 15 украински аеродроми.

Повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштија своите домови поради војната, а околу четири милиони заминаа во соседните земји како бегалци, соопшти Министерството.

Според последната проценка на ОН, во војната досега се убиени повеќе од 1.100 цивили, меѓу кои и деца.