Украина воведува визи за Русите

Украина одлучи да воведе визи за Русија и да излезе од заедницата на независни држави ЗНД, која брои 11 поранешни советски републики, изјави секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Парубиј

„Му наложивме на Министерството за надворешни работи да воведе визен режим за Русија. Одлучено е и да се покрене процес за излез од ЗНД“, рече тој кој појасни дека се подготвуваат и нови мерки за војниците и членовите на нивните семејства кои се наоѓаат на Крим да можат брзо да се приклучат на континентална Украина.

Тој нагласи дека Украина сака да организира заеднички воени вежби со сојузниците кои се гаранти за нејзината безбедност, односно САД и Британија кои на Украина и гарантирале територијален интегритет кога во 1994 година се одрече од својот нуклеарен арсенал.

„Повикуваме на организирање на заеднички вежби во Украина, на нашата војска и војските на нашите сојузници“, рече тој.