Украинец со привремен престој во Скопје излетал со моторот од регионалниот пат Свети Николе – Куманово

На 04.06.2022 во 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово, атар на с.Кшање, кумановско, О.О.(51) од Украина, со привремен престој во Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.