Украинската опозиција бара смена на владата

Околу 20.000 демонстранти синоќа излегле на плоштадот на Независноста во Киев, каде што протестите против одлуката на Јанукович траат веќе три недели.

Организаторите повикуваат на масовни протести за денеска и очекуваат дека одзивот ќе биде голем.

Околу 300.000 лица учествувале на сличен протестен марш пред една недела. Насобраните биле бесни поради полициското насилство од претходните два дена.